Заврши и вториот месец од мојата практикантска работа. Во текот на овој месец продолжи мојата тренинг процедура која овој месец вклучуваше завршување на онлајн курсот за ASP.NET MVC 5 и веб апликацијата која ја изработував паралелно со гледањето на овој курс, гледање на онлајн туторијали за Entity Framework, Databases and SQL Querying, како и запознавање со REDMINE-project management платформата на IBORN и запознавање со Git командите и Git Branching моделот кој што се користи во IBORN.
Исто така овој месец се запознав со реален проект – Melino на кој што моментално работат некои од моите колеги. За почеток започнав со запознавање на неговите функционалносите и успеав да поправам некои мали bugs во самиот проект. Иако стануваше збор за мали bugs сепак за мене беше предизвик да успеам да ги завршам зададените задачи навреме и точно. Продолжив со гледање на туторијали за Angular 6 и се надевам дека со завршување на овој курс ќе започнам практично повеќе да работам на реален проект каде што ќе имам можност да го применам стекнатото знаење колку што можам подобро.
