Јас сум Марија Велкова, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Како студент кој е на прагот од дипломирање свесна сум дека практикантската работа е неопходна за усовршување на стекнатото знаење од факултет и еден од основните “клучеви” за напредување и понатамошен успех. Поради тоа аплицирав за практикантска работа и на мое големо задоволство имав можност да започнам во ИБОРН. Во текот на првиот месец имав можност да се запознаам со сите вработени и секојдневно да учам и работам во прекрасна работна атмосфера.Искуството да се работи со луѓе кои во секој момент се спремни несебично да ти помогнат е непроценливо и за мене претставува привилегија што добив можност да посетувам пракса во една таква компанија.
Во текот на првите три недели од мојата практикатска работа се одвиваше тренинг процедурата каде што фокусот беше ставен на повторување,а воедно и продлабочување на моето знаење за програмскиот јазик C#, HTML5, CSS3, Bootstrap и JavaScript преку следење на онлајн курсеви.Исто така преку гледање на туторијали и паралелно изработување на веб апликација се запознав со ASP.NET MVC framework-от и стекнав основни знаења за иститот. Во текот на четвртата недела од мојата практикантска работа се запознав со AMN(Advanced Medical Navigation) системот и последните две недели од изминатиот месец почнав да пишувам дел од потребната техничка документација за системот со цел да придонесам за навремено авршување на истата.
Се надевам дека во иднина ќе продолжам да учам нови технологии и секако да почнам со работа на реален проект.
