Тукушто го започнувам третиот месец на пракса во ИБОРН. Во текот на истиот го почнав и мојот втор самостоен проект. Целта на проектот беше да се направи интерна веб апликација која ќе ја прикажува курсната листа на валути потребни за ИБОРН, врз основа на веб сервисот на Народна Банка на Република Македонија.
Најголем предизвик ми беше сериализирање и десериализирање на податоците. Во опсегот на проектот детално се запознав со справување со грешки како и правилен и практичен начин на нивно евидентирање. Технологии кои се користеа за изработка на проектот:
· ASP.NET MVC
· Web Services
Проектот беше доста едукативен за мене во однос на тоа како да се заврши еден проект од почеток до крај. Крајниот продукт од проектот е веќе во секојдневна употреба од страна на администрацијата на ИБОРН.
Во остатокот од месецот ја продолжив мојата тренинг процедура со го гледање туториали попратени со вежби за Entity Framework. Туториалот ги опфаќаше Database-First и Code-First како двата различни начини на работниот тек, LINQ синтакса, Data Annotations, Fluent API и слично. Во следниот период очекувам повеќе да се осамостојам и да продолжам со работа на попредизвикувачки и реални проекти.
