Со завршувањето на првиот месец од мојата пракса, се заокружи и тренинг процесот кој траеше континуирано. Со почетокот на вториот месец од мојата пракса, тренинг процедурата продолжи во правец на запознавање со реалните прокети со кои работи фирмата. Активно се вклучив во некои од проектите на кои се работи моментално.
За почеток, започнав со запознавање на порталот PrimaCare и неговите функциналности. Паралелно на тоа поставував нови верзии на проектите на тест сервер. Со текот на времето почнав да се осамостојувам и при самото тестирање на порталите. Во однос на тоа, во текот на работата и проблемите на кои наидував, добивав целосна поддршка и помош од страна на мојот ментор.
Во иднина очекувам да бидам комплетно самостојна и да се вклучам во уште поголем број на проекти и работата да продолжи во ист правец како до сега, мотивирана секојдневно да се надоградувам и надополнам себеси.
