Во текот е вториот месец од мојата пракса. За разлика од минатиот месец овој беше пропратен со многу повеќе задачи и предизвици од минатиот.
Во изминатиот период имав шанса да работам на самостоен
проект, каде притоа имав можност поголемиот дел да го осмислам сама. Целта на проектот е да се изработи веб систем кој има интегрирано Web API на некој мобилен уред пр. FitBit, Apple Watch,
Android Watch и слично. Најголемиот предизвик беше успешно да земам информации за фитнес активности од тие надворешни извори и истите да ги претворам во корисни информации. Дел од проектот беше да се интегрира самостојна база која ќе има дополнителни информации за корисниците, нивните улоги и слично.
Технологии кои се користеа за изработка на проектот:
• Microsoft SQL Server – database
• ASP.Net MVC
• ASP.Net API
Задоволна сум од тоа што почнав почесто целосно самостојно да се справувам со голем дел од проблемите со кои се сретнав, а за другиот дел сум доста благодарна што колегите беа тука во секој
момент да ми помогнат.
Во текот на оваа недела се надевам да го комплетирам проектот, а од наредната да започнам со нови, предизвикувачки задачи.
