Јас сум Калина Костовска, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Неодамна започнав со практиканство во iBorn.net. Во тек е втората недела од мојот процес на вклопување. Во продолжение ќе издвојам неколку моменти кои го обележаа и го направија мојот ангажман овде пријатен.
Од самиот почеток сите вработени се потрудија да се чувствувам како дел од тимот на iBorn што континуирано допринесува за продуктивноста од моја страна.
Овде сум на позиција на практикант за инжењер на квалитет на софтвер. Она што секојдневно ме мотивира да бидам добра во она што го работам е одговорноста која ја носи оваа работа, вниманието на детали и секако подобрувањето на техничките и комуникациските вештини преку интерактивна работа во тимови.
Во текот на првата недела се запознав со општите и клучни аспекти, како пишување на test cases и test plans.
Пишувањето test cases е една од клучните активности во животниот тек на софтверското тестирање. Test case е множество на услови и променливи при кои тестерот ќе одлучи дали системот ги задоволува барањата и работи правилно. Типично, test case треба да биде мал, изолиран и атомичен. Чекорите треба да бидат разбирливи и да можат да се извршуваат брзо. Треба да бидат независни меѓусебе и да поминат/паднат независно еден од друг.
Во втората недела започнав со учење на методологиите и техниките на тестирање, иако ги има многу, тестерот треба да биде способен да ги издеференцира и да може да разликува која каде е употреблива.
Во продолжение почнав со пишување на спецификација, Specification by example (SBE), кое претставува колаборативен пристап на дефинирање на барања и бизнис ориентирани функционални тестови за софтверски продукти, користејќи реални примери наместо на апстрактни изјави.
