Dona standing in front of IBORN's welcome sign

Дневникот на Дона Бојаџи

Како апсолвент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), сфатив дека оваа година е клучна за практично усовршување на моите досегашни знаења.

Тргнувајќи од потребата некој несебично да го пренесе и сподели своето знаење со мене, внимателно избрав да аплицирам за пракса во ИБОРН.НЕТ. Мојот прв впечаток за компанијата беше фасцинантен. Самото интервју беше доста опуштено, а и воедно многу професионално. Уште од тој прв момент бев мотивирана да дадам се од себе да се вклопам во новата средина, иако за истото не беше потребно многу. Вработените беа отворени кон нови членови во тимот, а и секогаш тука кога ми требаше помош.


Фокусот на мојата пракса во последните неколку недели беше учење на нова технологија, односно запознавање со ASP.NET framework-от, или поточно изработување на веб апликација со употреба на ASP.NET MVC. Токму затоа првите две недели ми беа исполнети со:


   • Гледање туториали за ASP.NET MVC 5
   • Запознавање со Redmine
   • Запознавање со Bitbucket


Досегашното искуство во ИБОРН.НЕТ е повеќе од позитивно. Балансот помеѓу дружбата на вработените и професионализмот од нивна страна е изненадувачки добар, а пријатната работна атмосфера секогаш присутна. Ја завршив втората недела, повеќе мотивирана него било когаш, да го совладам веќе зададениот материјал за учење и во исчекување на нови, предизвикувачки задачи.