Привршувајќи го вториот месец од праксата, кој како и првиот, помина пропратен со задачи, како и дружба со колегите, и можам да кажам дека повторно успеав да се надминам себе си во совладување на нови предизвици кои што претходно изгледаа невозможни.
Овој месец имав прилика да работам на самостоен проект и да се соочам со сите проблеми и препреки кои доаѓаат со креирањето и работењето на еден n-tier проект од почеток. При работење на проектот се запознав со:
- Земање и испраќање информации од алатката за менаџирање проекти Redmine;
- Креирање, врска и мапирање помеѓу различни типови модели;
- Сериализирање и десериализирање на повици и модели;
Благодарение на мојот ментор Злате Додевски кој несебично ми споделуваше знаење за време на целиот проект, успеав да останам мотивиран и да дадам се од себе. Се надевам дека во иднина ќе успеам овој проект да го реализирам во форма на успешно решение кое ќе го олеснува секојдневието на компанијата.
