Деловна пракса Слободан Маринковиќ

Дневникот на Слободан Маринковиќ

Јас, Слободан Маринковиќ, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на насоката Компјутерски Науки и Инженерство (КНИ) посетувам практична настава во „Друштво за информатичка технологија ИБОРН.НЕТ ДОО Скопје“, во Скопје.

На првиот ден од мојата практична работа потпишав Non-Disclosure Agreement за заедничка соработка и доверливост на информациите. Според овој договор забрането е да откривам детални информации за проектот и неговите функционалности.

Во првите денови од мојата пракса дадена ми е задача на реален проект –автоматско креирање на google документ во фолдер даден од корисникот при што зема вредности од дадена spreadsheet табела, со помош на Javascript. Искрено мислев дека нема да можам да го направам овој проект но со помош на мојот ментор Михаил Димитровски успешно го изработив проектот.

Во текот на праксата се највеќе се фокусирам на изучување на нови технологии како и работа во тим. Имам претходно знаење од програмскиот јазик C# така да немам проблеми со совладувањето на технологиите. Се запознав со framework-от ASP.NET за креирање на веб апликации со користење на MVC шаблонот, Entity Framework, работа со Git и Bitbucket а исто така и го усовршувам знаењето на Javascript. Исто така се стекнав и со знаење за локално поставување на база со податоци.

Откако ги поминав онлајн курсевите за ASP.NET MVC 5 и Entity Framework, сега  разгледувам некои примери и  започнувам  да работам на додавање на нова функционалност на проектот PrimaCare како и работа со базата со податоци.

Ми претставува огромно задоволство што посетувам пракса во ИБОРН.НЕТ.