Dragan writing on whiteboard

Дневникот на Драган Гелевски

Благодарение на настанот Career launch, имав чест да се запознаам со оваа компанија и веднаш да разменам контакт за понатамошна соработка. Се одлучив да соработуваме без размислување бидејќи ја согледав нивната професионалност токму во технологиите што мене лично најмногу ме интересираат и откако се запознав со lead девелоперите, сфатив дека искуството што во моментов ми треба е токму знаењето што можат да ми го понудат. Нивната посветеност кон програмирањето како примарна дејност на оваа компанија ме фасцинираше уште при првото запознавање, и беше една од главните причини кои ме мотивираа веднаш да започнам со работните обврски.

Во текот на овие 4 недели, работев на интерен проект кој имаше цел да интегрира информации од project management апликацијата RedМine во ASP.NET MVC апликација. Со помош на мојот ментор Злате Додевски, успеав да го реализирам проектот и воедно да го научам и усовршам следново:

  • Работа со Git преку BitBucket
  • Работа со project management апликацијата RedMine,
  • Пишување спецификација со помош на User Stories,
  • Запознавање и обука за користиење на N-Tier архитектура,
  • Усовршување на знаењето за ASP.NET MVC,
  • Усовршување на знаењето за програмскиот јазик C# и
  • Градење на N-Tier апликација од почеток до крај.

Во првиот месец од праксата, сите успеаа да ми остават најпозитивен впечаток во однос на помошта при решавање на проблемите со кои се соочив, дружбата, високото ниво на професионалност и работната атмосфера. Ова искуство е од огромно значење за стартот на мојата кариера и сум премногу благодарен за отворената можност за понатамошно усовршување.