Практичното усовршување и обука се многу значајни за било кој студент покрај стекнатото знаење од факултет. Така и за мене како студент на смерот Електронски Бизнис на Економскиот факултет е многу важно да ги стекнам и искористам практичните вештини. Заради тоа што стекнатото знаење ми овозможи основа да можам да продолжам со усовршување за работа поврзана со ИТ и работа на различни аспекти како анализа на бизнис процесите, бизнис правила, идентификување и анализа на бизнис барања и кориснички барања но и уверување дека тие барања се исполнети, аспекти кои што се поврзани со проекти за развој на системи и заради мојата желба и определба за таа насока, се решив
да аплицирам за пракса во фирма од ИТ секторот.
Се решив да аплицирам за пракса во IBORN како компанија која што може да ми овозможи да се стекнам со посакуваното практично знаење во областа на тестирање и уверување на квалитетот на софтвер (Quality Assurance). Во текот на мојата пракса во IBORN јас почнав да работам на реални проекти и многу е предизвикувачки и возбудливо да се биде дел и да се работи за современа фирма од ИТ секторот која што следи агилна методологија за развој на софтвер и SBE пристап. Успеав да се стекнам со значително знаење во областа за тестирање и уверување на квалитетот на софтвер (Quality Assurance).
Јас извршувам задачи и активности како пишување на user stories, тест сценарија кои се дел од спецификацијата и претставуваат извор на информации за барањата за функционалностите на одреден софтвер како и за тестирање на тие функционалности на софтверот како дел од SBE пристапот. Во најголем дел сум ангажиран за функционално тестирање и за тестирање на перформансите.
Поставување на нови верзии на портали со нови функционалности и нивно тестирање, пријава на откриени проблеми и уверување дека следната верзија на порталите нема да има никакви проблеми со функционалностите штом е поставена на продукциски сервер за крајните корисници и најважно дека ќе ги исполнува корисничките и бизнис барањата.
Некои од задачите што ги извршувам и алатките кои што ги користам:
- Пишување на спецификација за функционалностите на порталите;
- Работа во Visual Studio;
- Работа во SQL Server Management Studio;
- Работа во BitBucket;
- Поставување на тест околина и тестирање на нови верзии на порталите;
- Работа во RedMine и пријавување на одредени проблеми откриени при тестирањето;
- Истражување и користење на test management алатки и living documentation алатки (Test rail, Pickles…).
Праксата ми овозможи стекнување на значително знаење и тоа во многу добра атмосфера и услови за работа и комуникација со останатите од тимот.
