Како студент на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство покрај изучувањето на предметите на факултет, секако сметам дека од голема вредност е практикантската работа која што овозможува практично да се применат дел од изучените технологии. Мојата должност кон предметот Деловна Пракса јас одлучив да ја извршам во една од фирмите од ИТ секторот кај нас, нормално, каде што ќе можам да го надоградам моето знаење од аспект на практично ниво, ќе
научам нешто ново со кое што не сум се сретнала до сега и би имала шанса да се запознаам со реални проекти на кои се работи.
Како најсоодветна за моите побарувања околу она што би сакала да го изучувам, па да кажам и да го работам понатаму ја избрав IBORN.
Мојата практикантска работа во IBORN започна на 1 јули 2016. По моја желба и побарување ми овозможија во текот на истата да го изучувам Ionic Framework-от, кој што претставува комбинација на технологии и алатки за да се направи хибридна мобилна апликација. Покрај изработка на мобилна апликација во Ionic
кој што го претставува клиентскиот дел, исто така имав неколку задачи и околу серверскиот дел, нормално бидејки секоја апликација мора да комуницира со сервер.
Технологии и платформи кои што ги користев:
- Ionic Framework
- HTML, javascript & CSS
- AngularJS & Cordova
- ASP.NET & C#
- ASP.NET Web API & Web API 2
- ASP.NET MVC
Очекувањата од практикантската работа ми се задоволени, а секако и начинот на кој што си и замислував дека треба да ја извршам. Со тоа што може да кажам дека имат прекрасна атмосфера за работа, тимска работа, меѓусебно разбирање и флексибилност. Голема благодарност до IBORN, што ми овозможија едно плус прекрасно искуство.