Дневникот на Томе Киров

Како иден дипломиран инженер на ФИНКИ на смерот Мрежни Технологии, решив ова лето да го посветам на мој личен напредок во областа за систем администрација. Со таа цел, аплицирав за деловна пракса во компанија од ИТ секторот, која би ми овозможила услови за стекнување на потребните знаења.
Ова е моето прво работно практично искуство во компанијата ИБОРН, каде што аплицирав и бев прифатен како практикант, почнувајќи од 2 мај 2016. Како  практикант во ИБОРН моментално изработувам одредени задачи кои би ми помогнале со стекнување на нови знаења. Како на пример:

  • Креирање на бекап и рестор стратегии на MSSQL сервер
  • Креирање на скрипти за автоматизирање на самиот бекап процес на MSSQL сервер
  • Креирање на скрипти за SSH тунелирање
  • FTP/SFTP конфигурација
  • Креирање на Windows Backup and Restore стратегии
  • Windows 10 Update