Дневникот на Стефан Јордановски

Во последната година од моето студирање на ФИНКИ одлучив да го запишам предметот деловна пракса за кој потребно е да биде извршена едномесечна деловна пракса во некоја компанија од ИТ секторот. Цел на овој предмет е да студентите ги соочи со вистински проблеми од софтверското инженерство, во кои тие ќе можат да ги применат веќе совладантите ваштини и знаења стекнати на факултетот, а воедно и да им ја доближи работната атмосфера и функционирањето во компаниите.

Мојата деловна пракса се одлучив да ја извршам во компанијата ИБОРН од повеќе причини. Најнапред ми се допадна што компанијата работи со софтверските решенија, за кои имам амбиции да ги продлабочувам сопствените знаења. Со оглед на тоа што студирам на насоката Мрежни технологии, досега ретко сум имал можност да научам нешто повеќе од оваа област, која всушност претставува мое поле на интерес.

Следната можеби и клучна причина поради која дојдов тука е што имам колеги кои веќе работат во ИБОРН, па од нив имав слушано само пофални зборови за атмосферата, флексибилноста и работата која ја има во компанијата. Бидејќи досега немав искуство конкретно со технологијата во која што беа моите задачи за време на праксата, знаев дека доколку “заглавам” некаде во програмирањето тука ќе бидат моите колеги да ми помогнат.

Како практикант во ИБОРН имам задачи за додавање на функционалности и разрешување на некои грешки во проектите. Моите очекувања од деловната пракса се во целост исполнети и сум задоволен што одлучив тука да ја извршам мојата деловна пракса.